ПРВA СРЕДБА ОД ПРОЕКТОТ “ДОНЕСЕТЕ СВОЈ УРЕД” НА ЕРАЗМУС + ПРОГРАМАТА

На 28 и 29 ноември 2019 година, здружението МАРГАРИТА  беше домаќин на првиот состанок од проектот “Донесете свој уред" како едукативен метод за подобрување на вработливоста на возрасните со интелектуална попреченост“. Во оваа програма, наставниците, родителите и волонтерите ќе научат како да ги поддржуваат лицата со интелектуална попреченост при користење на мобилна технологија за наоѓање и одржување на работа. Во исто време, луѓето со интелектуална попреченост самите ќе бидат мотивирани да научат како да користат мобилни  апликации што веќе ги користат во нивните животи, но можеби не сфаќаат како истите можат да им помогнат да најдат и одржуваат една работа.

За две и пол години, ќе се создаде прирачник за наставници и тренери, како и прирачник во лесно читлива форма за лица со интелектуална попреченост (и двете во дигитална форма). Исто така, ќе се одржат вебинари и ќе се создадат MOOCS за дистрибуирање на знаењето до уште поголема популација. На крај, ќе има обука на голем број обучувачи врз основа на овој метод. За време на средбата беа поставени темелите за создавање на прирачникот за наставници и тренери.

Посетителите имаа можност да ги посетат работилниците на МАРГАРИТА и да се сретнат со нивните корисници и едукатори. Тие исто така беа во можност да ги вкусат креациите на кулинарската работилница.

Дискусија за креирање на прирачникот за тренери
Бура на идеи и предлози за лого

Посета на работилницата за печатење на отпечатоци и запознавање со различни активности, изработени од нивните корисници и тренери.

Посета на работилницата за подароци изработени од рециклирани материјали.

Една групна фотографија од партнерите за сеќавање на првата средба во Грција

No Comments

Sorry, the comment form is closed at this time.