Прирачникот за обучувачи е подготвен

Прирачникот за обучувачи е подготвен и достапен на 6 јазици: англиски и 5 јазици на 5 партнери на конзорциумот БИОД (полски, грчки, шпански, македонски, турски). Можете да го најдете и да го преземете во одделот БИБЛИОТЕКА (ПУБЛИКАЦИИ).
Овој прирачник вклучува фундаментални и корисни информации за тоа што е интелектуална попреченост, ги опишува потребите на лицата со интелектуална попреченост и исто така опфаќа методологија за едукација на возрасни со интелектуална попреченост. Потоа, вклучени се информации за мобилни технологии и мобилни телефони и прирачникот се затвора со едно многу важно и проширено поглавје, кое образложува 13 сценарија на случаи за апликации кои биле избрани за да се задоволат потребите на возрасните со интелектуална попреченост кои бараат работа или сакаат истата да ја задржат.
No Comments

Sorry, the comment form is closed at this time.