МАТЕРИЈАЛОТ ВО ЛЕСНО ЧИТЛИВА ФОРМА Е ОБЈАВЕН

Европската програма Еразмус + „БИОД (Донесете свој уред) како едукативен метод што води кон подобрување на можностите за вработување кај возрасните лица со интелектуална попреченост“ продолжува понатаму. Во овој период, ние со нашите партнери ја спроведуваме реализацијата на материјалот во лесно читлива форма. Овој материјал ќе се однесува на лицата со интелектуална попреченост, особено на оние кои се заинтересирани да бидат вработени на слободниот пазар на трудот или да ја задржат својата работа на него.

По објавувањето на Прирачникот за инструктори на веб-страницата на конзорциумот пред неколку месеци, неодамна продолживме со објавување на брошурата во лесно читлива форма, вклучително и упатства за употреба на апликации во уреди со мобилна технологија. Ставивме акцент на апликациите што можат да им помогнат на лицата со интелектуална попреченост да добијат вештини што ќе ги направат поавтономни, да бараат или да задржат професионално вработување.

Исто така, при крај е комплетирање на (лесно разбирливите) видеа што ќе го олеснат учењето за користење на овие апликации за лица со интелектуална попреченост.

Брошурата можете да ја преземете на англиски, македонски, полски, шпански, грчки или турски јазик од Публикации на страницата:

https://byod-project.eu/

No Comments

Sorry, the comment form is closed at this time.