Секоја година се повеќе и повеќе луѓе се потпираат на мобилните уреди за да ги задоволат своите потреби. На тој начин, проектот „БИОД (Донесете свој уред) како едукативен метод што води кон подобрување на можностите за вработување кај возрасните лица со интелектуална попреченост“ се фокусира на потребата да се развие модерен, привлечен и „близок до животот“ метод на образование, користејќи го мобилниот уред како едукативна алатка.

Проектните партнери на БИОД произведоа пакет кој се состои од дигитална публикација напишана во лесно читлива форма и филмови. Овие материјали се однесуваат на лицата со интелектуална попреченост, особено на оние кои се заинтересирани да бидат вработени на отворен пазар на труд или да задржат работа на него.
Филмовите покажуваат како се користат мобилните апликации и истите се преведени на сите јазици на партнерите: англиски, полски, шпански, грчки, македонски и турски.

Овие филмови го комплетираат прирачникот и можат да се користат и од наставници и од лицата со интелектуална попреченост. Наставниците со нив можат да ја подобрат својата образовна понуда, а лицата со интелектуална попреченост можат да разберат нови информации на достапен начин.

ГУГЛ КАЛЕНДАР

YouTube

ГУГЛ МАПС

ГУГЛ КАЛКУЛАТОР

Geocaching

тим бИДИ.БЕЗБЕДЕН

Facebook

аЛАРМ

WhatsApp

Indeed Jobs